За нас

Компанијата ЈОЛЕ е формирана во 1996 год. како електро сервис за премотување и репарација  на елктро мотори и трансформатори.

Следејќи ги сопствените како и потребите на пазарот, започнавме со увоз и дистрибуција на бакарна лак жица, лакови, прешпани, резервни делови и останати потрошни материјали а веднаш потоа и со сервисирање на рачен електричен алат и соработка со светски познати брендови Black & Decker и DeWALT.

Ние сме овластен сервис за компаниите Black & Decker, DeWALT и Makita.

Меѓувреме, во 2006 год. започнаме и со сериско производство на апарати за заварување како и производство на трансформатори по нарачка до 4 КВА со најразлични напони по желба на нарачателот.

Нашата компанија е современ електро сервис на:

  • електро мотори (асинхрони и колекторски)
  • трансформатори
  • помпи за вода
  • рачен електричен алат
  • ротори и статори за автоелектрика
  • електро магнетни кочници

со сопствено сериско производство на:

  • Апарати за заварување ( РЕЛ )
  • Апарати за заварување ( СО2 )
  • Полначи за акумулатори
  • Коректори на напон
  • Трансформатори до 4КВА
  • Стартери

Каталог на производи и резервни делови

Почитувани посетители, повелете и превземете го нашиот нов каталог на производи.

Каталог на производи и резервни делови